Попоски-Даниелсон: Македонија ќе продолжи со напорите за преговори со ЕУ

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска се сретна со генералниот директор на ЕК за проширување, Кристијан Даниелсон. На средбата се дискутирало за напорите да не се дозволи поединечни деструктивни политички практики да носат штета на државата и евроинтеграциите, приоритетите во реформите, чекори за градење позитивна клима со Грција.  

 Министерот Попоски, како што соопшти МНР, го истакна неодамнешното испраќање на исцрпен пакет документи со статистички показатели и анализи за  функционирањето на правосудството со очекување дека тие соодветно ќе бидат проучени и рефлектирани при подготовката на редовниот есенски Извештај за напредокот на Европската комисија.

  Во пресрет на одржувањето на Комитетот и Советот за стабилизација и асоцијација беше взаемно констатирана, како што е посочено, одличната комуникација и дијалог кој постои помеѓу надлежните институции во Република Македонија и службите на Европската комисија.

 

 

 

05.06.2014 - 15:11
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега