Македонија не заостанува во интерветната кардиологија
Македонија не заостанува во интерветната кардиологија, туку во некои аспекти е многу понапред од западноевропските земји и САД. Од синоќа до 7 јуни во Скопје се одржува 5. Македонски конгрес по кардиологија со меѓународно учество, на кој присуствуваат 800 доктори од 26 земји, што го прави најголем кардиолошки конгрес досега организиран во земјата. За ова денеска информираше директорот на Клиниката за кардиологија и претседател на Македонското кардиолошко друштво Сашко Кедев на прес-конференција.
- Контролата на квалитетот треба да биде ригорозна во секоја болница и надлежните институции мора да ги знаат тие податоци. Мора да се знае стапката на смртност во секоја болница, да се споредува и да се најде начинот ако е некаде повисока како да се интервенира. Ние го следиме светскиот тренд, изјави проф. Кедев.
Еминентниот американски лекар Самир Панчоли рече дека импресивно е тоа што статусот на крдиолошка грижа во Македонија во многу нешта е подобра од поголем дел од земјите што ги посетува.
- Во Америка ние имаме друг систем, но споредбено зборувано, статусот на интерветната кардиологија во Македонија е речиси исто толку добар колку во развиените земји и во САД. Во земјата има многу високо ниво на кардиолошка грижа, изјави Панчоли.
Проф. Кедев вели дека во Македонија, како и во други транзициски земји, има се повеќе помлади пациенти со коронарна артериска болест, но од друга страна сме сведоци на продолжување на животниот век, односно се соочуваме со поголем број на возрасни пациенти коишто порано не сме ги имале: - Стапката на акутен миокарден инфаркт во Македонија и во земјите во транзиција за жал се уште е многу висока. Во САД и во Западна Европа има тренд на опаѓање на оваа стапка која што се должи на ригозорната превентивна политика, пред се во ригорозна контрола и намалување во стапката на пушење, намалување и контрола на ризичните фактори како што се покачениот крвен притисок, артериската хипертензија, дијабетот и здравиот начин на живот, вели проф. Кедев.
Според него, зголемена е стапката на преживување што се должи на агресивната стратегија што ја применувавме во деведесетите години.
Професорот Кедев смета дека во Македонија треба многу да се подобрат неинвазивните односно превентивните мерки, односно ригорозна контрола на број еден факторот, а тоа е пушењето и драстично намалување, зголемување на контролата на ризичните фактори и тој го потенцира животниот стил.
- Тоа значи повеќе физичка активност, повеќе спортување, рекреација и да се внимава на соодветната диета, вели Кедев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа