"Ме прогонуваше, затоа имав секс со него" - наставничка спиела со ученик
Брајана Алтис е наставничка во едно средно училиште во Јута и е обвинета за секс со 16-годишен ученик.
Ученикот на полицијата и раскажал дека три пати имал односи со професорката и дека бегал од часови за да биде со неа. За да докаже дека е вистина, ги опишал нејзините тетоважи, а и куќата во која имале секс.
34-годишната Брајана Алтис, тврди дека не е виновна, и дека таа била заведена од ученикот: -„Ме прогонуваше додека не прифатив да имам секс со него", рекла таа пред судот.
Адвокатите на Брајана тврдат дека момчето до детал ја испланирало целата работа и дека не станувало збор за силување.
Младата наставничка сепак била обвинета за тројно силување и за принудна содомија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа