„Баскерфест“ од утре во Скопје

Над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет ќе настапат на Фестивалот на улична уметност под отворено небо „Баскерфест 2014“, чиј домаќин од утре до 15 јуни е Скопје.

Уличниот театар стартува утревечер  во 21 часот на плоштадот Македонија на платото кај скалите кај Камени мост,  со настапот на Алдруби  (Танцот на балоните) од Нови Сад.

  - Целта на манифестацијата е да се направи сплет на културни, забавни и  уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи, а воедно и ги повика граѓаните од сите возрасти да го посестат и да се забавуваат на годинешниов Баскерфест, рече денеска на прес-конференција Слободан Ќосев, раководител на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје.

Гевгелија беше прв домаќин на „Баскерфест“. Турнејата ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Македонците  ќе  уживаат во уличните претстави на „Баскерфест“ и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни).

05.06.2014 - 13:18
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега