Еве што треба да правите за вашето дете да биде среќно

Во големите животни турбуленции, навиките се тие кои на децата им даваат сигурност, им помагаат полесно да ги надминат промените и да се навикнат на поинакви услови.

Доколку не можете да се сетите кога последен пат сте седнале и сте разговаралесо вашето дете, не сте единствени. Милиони други родители, особено мајки, ги гризе чувството на вина, бидејќи поради многубројните обврски не стигнуваат да им се посветат на децата.

Затоа времето пред заминување на спиење е совршено за да се поврзете со децата. На тој начин децата ќе потонат во сон со уверување дека се сакани, сигурни и среќни. Доколку, пак, не сте сигурни од каде треба да почнете, следуваат неколку совети…

-Во времето на големи животни турбуленции, навиките се тие што на децата им даваат чувство на сигурност и им помагаат полесно да ги надминат промените и да се навикнат на поинакви услови. Затоа бидете упорни и обидете се да истраете во разговорите пред спиење, па дури и тие да траат и по две, три минути. Ова нека биде дел од вашето уживање по напорниот ден на работа.

-Почнете со тема за која знаете дека ќе ги заинтересира. Доколку вашата „принцеза“ обожава облека, обидете се да ја наведете да се замисли како дизајнира фустани за своите другарки. Ако вашиот мал спортист обожава фудбал, нека ви раскажува за последниот натпревар, за соиграчите, тренерот, за омилениот фудбалер. Некогаш искористете ја фантазијата и испратете го вашето дете во неговата земја на соништата, нека ви раскажува како се снаоѓа таму, која е неговата улога…

-Приказната нека биде лесна за детето да не се плаши или за да нема кошмари. Исто така, избегнувајте во текот на ноќните разговори да правите планови за иднината, бидејќи таквите разговори можат премногу да ги возбудат децата. Децата, особено малите немаат временска рамка и лесно можат да се расонат и да заборават на потребата од сон.

-Доколку ви недостига тема за разговор или едноставно не знаете како да им се приближите на децата, направете сликовница и сликите во неа нека ја поттикнат приказната. Можете да ја играте играта „три работи“, односно да го наведете детето да ви ги каже трите работи, кои му го одбележале денот, го направиле среќно или тажно. На тој начин најлесно ќе се отворат, а вие ќе имате добар увид во неговото секојдневние и на време ќе ги воочите потенцијалните проблеми. 

Извор: Мајка и Дете

05.06.2014 - 12:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега