Со овој пијалок летово ќе имате секси тело
Познатиот американски Доктор Оз осмислил ефикасно средство кое е одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми.
Доколку сакате ова лето да го дочекате во топ форма, веднаш подгответе го овој пијалок.
Потрбно ви е:
- 1 литар вода
- 5 вреќички зелен чај
- 1 портокал
- еден грст свежо нане
Подготовка:
Во литар врела вода додадете ги петте вреќички зелен чај. Оставете ги така околу 3 минути. Портокалот исечете го на кришки. За пијалокот користете непрскан портокал па можете да го исечете со кората, или во спротивно излупете го, но обавезно оставете го белиот дел од кората. Во голема тегла или бокал со поклопец ставете го зелениот чај, додадете ги кришките од портокал и нането. Затворете ја теглата и оставете ја преку ноќ за да може состојките убаво да се соедниат.
Доктор Оз препорачува една шоља од овој пијалок пред секое јадење и ветува добена битка со килограмите. Во текот на денот потребно е да се испие половина литар течност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа