Кој му фрли црна магија на Кристијано Роналдо?
Веста дека Кристијано Роналдо поради повреда би можел да го пропушти стартот на Мундијалот ги загрижи Португалците. Од Гана стигнува вест дека Роналдо сигурно нема да настапи и тоа од многу специфични причини. Имено, Нана Кваку Бонсам, бајач од Гана, тврди дека Роналдо се повредил бидејќи му била фрлена црна магија.
-Ја познавам повредата на Роналдо и во моментов работам на неа и многу сум сериозен. Минатата недела барав и најдов четири кучиња кои ги искористив во обредот наречен „Кавири Капам“. Реков и пред четири месеци дека ќе се потрудам да го онеспособам Роналдо за настап на СП, барем само за мечот со Гана, вели Бонсам, според кој современата медицина нема да му помогне на фудбалерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа