Кои мажи повеќе уживаат во сексот?

Познато е дека мажите не се создадени за мултитаскинг, а сега научниците тоа го потврдија со една студија каде споредија каков е нивниот сексуален живот ако кариерата им е на прво место.

Според истражувањето успешните мажи кои заработуваат повеќе од своите партнерки, помалку уживаат во сексот. Наспроти тоа, околу 56 отсто од испитаните мажи  за магазинот „Тајм Мони“, чии плати се помали од тие на нивните сопруги, повеќе уживаат во сексот и сексуалниот живот го опишуваат како одличен.

Во обратна ситуација, кога мажот носи повеќе пари дома, за нив сексот е одличен во 44 посто случаи, а повеќе се незадоволни оние кои прегоруваат на работа, поради што сексот им е во втор план.

Студијата спроведена на 1.010 мажи и жени на возраст над 25 години, покажува дека 90 проценти од мажите кои заработуваат помалку од своите сопруги сметаат дека имаат среќен брак, а кај мажите кои заработуваат најмногу во своето семејство, тој број е за 15 отсто помал.

05.06.2014 - 10:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега