Сведоштво на една Британка: Јас сум последната што го виде исчезнатиот малезиски авион
Во Австралија продолжила истрагата по малезискиот авион по изјавата на жена која вели дека го видела авионот кој бил во пламен. Британката Кетрин Ти тврди дека токму таа е последната личност која го видела исчезнатиот малезиски авион. Открила дека видела како "Боингот 777" - гори.
Кетрин за време на исчезнувањето на авионот крстарела со својата јахта во близина на водите на Индонезија.
"Видов како авионот свети во портокалова боја, а зад себе оставаше црн чад", го опишала Кетрин своето искуство. Таа додала и дека леталото се движело од север кон југ.
Австралиското биро за безбедност при транспорт кое води истрага по барање на малезиската Влада ги проверува овие зборови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа