Експлодираше реактор во хемиска фабрика во Холандија - две лица повредени

Како што соопштија холандските медиуми, две лица се полесно повредени при експлозија на реактор, што предизвикала голем пожар во хемиска фабрика на нафтената компанија „Шел“ крај холандскиот пристаништен град Ротердам.

Експлозијата, за која се уште не се утврдени причините, се случила во момент на смена на дежурните екипи.

Тамошните медиуми информираат дека жителите во близина на фабриката слушнале експлозии и виделе огромни пламени јазици како се креваат во ноќта.

По брзата интервенција на пожарникарите пламенот бил совладан, но пожарот се уште не е целосно изгаснат.

Експлозиите во фабриката довеле до ослободување на етилбензол, што може да предизвика силна дразба на очите и кожата, соопштија локалните власти. Тие на жителите им препорачаа да ги држат затворени прозорците од домовите и да не ги вклучуваат климатизерите.

Во регионот на пожарот е прекинат патниот и поморскиот сообраќај. 

04.06.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега