Време: Повторно дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне со услови за нестабилност, појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени. Во четврток и во петок ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северозападен правец. 

04.06.2014 - 08:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега