ФОТО: Баба Мара 10 години живеела со тумор на вратот тежок 3,5 килограми

Пироќанката Мара Стојановиќ десет години живеела со тумор на својот врат кој тежел 3,5 килограми.

-Растеше десетина години, а јас некако се навикнав на него и не сакав да го отстранам бидејќи не ми сметаше. Се движев нормално, но последниве години толку нарасна што не можев да одам ниту да ги сработам домашните обврски, па одлучив дека е време се оперирам, изјавила Мара за српски Блиц.

Докторите од Ниш од максиофацијалната хирургија рекле дека операцијата била многу тешка, бидејќи тоа бил најголемиот тумор било кога опериран во Србија.

-Ова е најголемиот тумор кој е опериран во Србија, ако не и во Европа. Во Индија најчесто има случаеви со толку големи тумори на главата или вратот. Пациентката е оперирана на 20 мај откако претходно ја припремавме бидејќи прв пат ја примивме во феврурари. Туморот беше толку голем па дишните патишта ги имаше поместено на страна, што значи дека не растел само надвор туку  и од внатре, изјавил Др. Вучковиќ.

Операцијата траела два часа, а сега пациентката се чувствува добро и е во стабилна состојба.

03.06.2014 - 23:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега