Поскапува венчавката надвор од Матично
Се покачува надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории на Матично.
На местото на досегашните 3.000 денари, ќе се плаќаат 3102 денари, за надоместокот кој се наплатуваше 3.300,00 денари, во иднина ќе се наплаќа 3.402 денари.
За надоместокот за викенди кој изнесуваше 6.600 денари сега ќе чини 6.804 денари, известуваат од Управата за водење на матичните книги.
Од таму за измената се повикуваат на Правилникот за начинот и висината на трошоците за склучување на брак надвор од службените простории, согласно официјално објавените податоци од Државниот завод за статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа