Како да се ослободите од главоболката за само една минута

Во денешено време главоболката е честа кај луѓето. Еве како да се ослободите од неа. Пред да се обидете со нешто друго, обидете се со овие три ефикасни трикови за кои ви е потребна само една минута.

Молив
Кога сме нервозни и под стрес, често потсвесно ги стискаме забите, со што го заморуваме мускулот кој ја поврзува вилицата со слепоочницата, а тоа резултира со главоболка. За да го спречите тоа, едноставно гризнете дрвен молив. Тоа ќе ја оневозможи работата на вилиците и ќе ги релаксира, а на тој начин ќе ги спречите болките.

Нане
Доколку имате проблеми со воспаление на синусите и алергии, масирајте го челото со етерично масло од нане. Во раката ставете малку бебешко или маслиново масло и неколку капки од етеричното масло. Со прст измешајте, нанесете го на чело, и нежно масирајте го подрачјето покрај носот и слепоочницата со кружни потези. Тоа треба да го правите една минута, а доколку сакате можете и подолго.

Акупресура
Акупресурата е древна техника која со помош на одредени точки на телото може да намали или реши голем број на болки. Пронајдете го местото на горниот дел од дланката каде што се поврзани палецот и показалецот. Стиснете го местото и со бавни и кружни потези масирајте го местото во траење од една минута или подолго.

03.06.2014 - 17:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега