Криминална пресметка во Ниш - убиен познат кик - боксер

29- годишниот Милош Савиќ  е убиен вчера по 22.30 часот во Ниш, во близина на кафеаната “Зона Замфирова“, кога кон него непознато лице испукало повеќе куршуми од огнено оружје.

Според очевидците се пукало брзо и жестоко, а напаѓачите побегнале со “ауди“ со бугарски регистерски таблички, кој по неколку минути е пронајден запален неколку улици подолу.

Возилото, кое наводно било сопственост на убиениот, било паркирано на Булеварот “Немањиќи“ пред бројот 76.

Инаку Милош Савиќ потекнува од нишкото криминално милје, а официјално бил професионален кик - боксер. Бил често приведуван поради судири со огнено уружје и растурање на опојни дроги.

Се верува дека убиениот е жртва на пресметка на нишките криминалци бидејќи и три пати пред тоа имало обиди за негова ликвидација, а последен пат тоа се случило во март 2012 година.

03.06.2014 - 17:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега