Лоши вести- Шумахер ќе остане како билка!?

Менаџерката на Михаел Шумахер, Сабине Кем демантираше дека се подобрила состојбата на славниот германски возач.

Одредени светски медиуми објавија пред некој ден наводна изјава на Кем за добрите резултати од опоравувањето на легендарниот возач на Ф1. Во тогашното наводно соопштение се тврдеше дека Шумахер, кон крајот на април првпат се разбудил од вештачки предизвиканата кома, и оттогаш повремено се буди и комуницира со околината.

-Никогаш не сум разговарала со тие новинари и не дадовме соопштение за состојбата на Михаел - го пренесе ставот на семејството на Шумахер, Сабине Кем.

Шумахер е во вештачка кома од 29 декември минатата година, по тешкиот пад на скијање во Мерибел во Франција, кога со глава удри во карпа. Михаел од тогаш е во болницата во Гренобл каде два пати бил опериран, а лекарите кон крајот на јануари почнаа со процесот на будење од вештачката кома.

-Не постои причина зошто семејството на Шумахер не би ги објавило добрите вести од болницата ако навистина се случеа. Прилично сум сигурен дека никогаш нема да ги слушнеме. Во овој момент се плашам од следното соопштение од семејството Шумахер. Шансите за опоравување по шест месеци во кома се минимални, а се граничат и со чудо лицето кое година дена поминало во вегетативна состојба да ја поврати свеста. Мислам дека постојат само две сценарија. Или Михаел ќе остане во вегетативна состојба до крајот на животот или ќе умре. Се плашам дека трето сценарио нема - тврди поранешниот лекар во Формула 1 Гери Хартштајн.

03.06.2014 - 16:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа