Попоски: Интегрирањето во ЕУ не е процес во кој добиваш исто колку што губиш

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Виена учествуваше на работен појадок за министрите за надворешни работи на Западен Балкан организиран од еврокомесарот Штефан Филе, како и на конференцијата за Западен Балкан, чиј домаќин е неговиот австриски колега Себастијан Курц.

Министрите, како што соопшти Министерството за надворешни работи, разговараа за подобрување на соработката во рамки на Процесот за стабилизација и асоцијација, земајќи ги предвид сличните предизвици и цели во контекст на нивните посебни патеки на приближување кон ЕУ. Во оваа фаза, релевантни теми за соработка, како што се наведува, би можеле да се влечат од областа на владеењето на правото, економското владеење и поврзаноста.

На конференцијата, министрите се потсетија дека годинава е стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, со што се потенцираше улогата на ЕУ како проект на мир, но и дека проширувањето придонесува кон ширење на мир и на економска благосостојба.

- Интегрирањето во ЕУ не е процес каде што добиваш исто колку што губиш. Резултатот е многу позитивен, колку за 20 милиони во Балканските земјишта се интегрираат, исто толку и за 500 милиони во земјите-членки, рече Попоски.

Посветеноста на Република Македонија кон потребните реформи беше потврдено од потпретседателот на Светската Банка, Лора Так, која во своето излагање Македонија ја издвои како пример.

- Некои држави во регионот вредно работеа кон создавање клима за инвестиции, целејќи да го ослободат потенцијалот на приватниот сектор. Македонија е една од врвните реформатори во отстранување на административни пречки за водење бизнис. Минатата година, таа беше меѓу првите дваесет и пет земји во светот – пред многу ЕУ членки – на светскиот индекс за Леснотија при водење на бизнис. Приватните инвестиции се зголемени како последица на реформите и почнуваат да се гледаат нето придобивки во зголемено вработување на обучен кадар, рече Так.

Министерот Попоски попладне ќе учествува на средбата на министри за надворешни работи од Централно европската иницијатива. 

03.06.2014 - 16:04
Фото: 
Кајгана
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега