Вториот ден од екстерното тестирање поминува без проблеми

 

Околу 55.000 ученици денес полагаат низ основините и средните училишта ширум земјава.Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски потенцира дека немало проблеми и екстерното тестирање продолжува согласно концепцијата до 10-ти јуни, секојдневно.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, со тоа што предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе имаат осмооделенците поради претстојните уписи во средните училишта што ќе се одржат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.

Со екстерното тестирање се опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта.

 

03.06.2014 - 15:47
Фото: 
либертас.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега