Ванковска: СДСМ политички дезертираше

Професроката на Универзитетот Кирил и Методикј Билјана Ванковска во нејзината најнова колумна во весникот „Нова Македонија“ пишува за дезертирањето на СДСМ на последните избори. Ванковска говори за безобразликот на опозицијата со враќањето на мандатите кои ги оставија 300.000 граѓани без политичко претставништво во наредниот период, а не поднесувајќи приговор до ДИК. 

Темни облаци (и буквално и метафорички) надвиснале над Македонија. Тешко е да се најде светол пример, но опозициската „дезертерка“ Роза Топузова Каревска е блиску до таа квалификација. За секоја почит е нејзината одлука да не ја послуша партиската директива на оние што се покажаа како најголеми и колективни дезертери од политичката битка. Кога опозицијата влезе во изборен процес, таа знаеше дека пред себе има „режим“, како што милува да зборува за власта на Груевски и на Ахмети (тогаш кога не ги обвинува за фашизам). Наместо на чело на колоната да застане лидерот заедно со првите луѓе во партијата, како што и прилега, тој одлучи да биде „заднинец“. Демек, се чувал за премиер! А партиските челници за министри... Тука некој лаже(ше), се разбира. Или мислеше дека таква финта може да мине кај јавноста... Политички информираната јавност добро знае дека секој политичар добива легитимитет поминувајќи го тестот кај електоратот, а таквата легитимација само може да му олесни (идно) водење на владата или учество во неа. Војсководците останаа во заднина или само беа припомош на кандидатите, додека во првите редови исфрлија неискусни војници. Од аспект на модерното војување, она вистинското, точно е дека генералите седат во удобни и безбедни канцеларии, додека други гинат на бојното поле, но во демократската битка тоа не е така. Нашите опозиционери дезертираа, и тоа нечесно: откако прво го наметнаа она понижувачко обележување на палците, откако водеа кампања и повикаа на масовен одѕив, по што значителен дел од електоратот (вклучувајќи ги и неопределените) им даде доверба, тие на крајот почнаа да се жалат дека немале фер услови за борба. А што очекуваа од „режим“? Една позната дефиниција за демократијата гласи: тоа е систем во кој политичките партии губат на избори. Ама СДСМ не стигнало до таа лекција. На крајот, 33 пратеници со чист мандат од граѓаните најбезобразно го вратија назад и оставија речиси 300.000 граѓани без политичко претставништво во наредниот период. Притоа не поднесоа ниту еден приговор до ДИК за нерегуларности на изборниот процес, па така заедно со водата го исфрлија и бебето. Зарем тоа не е дезертирање, особено кога Заев вели дека сега ќе правеле „стратегија“ за вонпарламентарно дејствување? Од она што го навестуваат оттаму излегува дека воопшто немале план Б пред да влезат во изборите, освен ако не очекувале да ги спаси американската коњица.

Целата колумна можете да ја прочитате овде:

03.06.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега