ВИДЕО: Милионер закопал пари на плажа- настанал општ хаос
Еден американски милионер одлучил да ги израдува своите сонародници па смислил игра во која треба да се бараат скриените пари. Тој на тајни локации остава пари, а на корисниците преку Твитер им дава инструкции каде се наоѓаат парите.
Овие денови во Америка вистинска сензација е Твитер профилот @HiddenCash каде непознат милионер објавува локации на кои скрил пари.
Викендов скриените пари се наоѓале на плажа во Лос Анџелес што воедно е продолжение на проектот на мистериозниот богаташ, 36 играчки Енгри Брдс полни со пари биле скриени под песокот на плажата Хермос.
- Заработив милиони во последниве неколку години, што е многу повеќе од она што го очекував, а повеќето мои пријатели не можат да си дозволат ни скромна куќа. Ова е мој начин да и вратам на заедницата – изјавил милионерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа