Втор ден од посетата на Попоски во Виена

 

Првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Виена ќе учествува на Конференцијата за Западен Балкан 2014 и на состанокот на министрите за надворешни работи на замјите членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Тема на Виенската конференција за Западен Блакан е „ЕУ како мировен проект-следни чекори во процесот на проширување”.

На состанокот на ЦЕИ, пак, министрите на земјите членки ќе разговараат за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, поттикнување на економската активност во ЈИЕ.

Попоски вчера во Виена се сретна со неговиот австриски колега Себастијан Курц.

На средбата двајцата министри разговарале за препораката за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

- Австрија е одлучна да помогне за евроинтеграцијата на Македонија и регионот. Македонија пак е одлучна да работи кон градење на позитивна клима во соседството. Клучот за преговори со ЕУ е кај Грција, но вратата ќе се отклучи преку ангажман на водството на членките, изјави Попоски.

Договорено е австрискиот министер Курц да ја посети Македонија за време на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Како дел од австриската поддршка на Македонија планирано е и австриски експерти како советници да им помогнат на македонските компании.

03.06.2014 - 09:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега