ФОТО: Таткото останал заробен во Јужна Кореја зошто синот сакал да црта

 

Еден кинез останал на аеродром во Јужна Кореја, откако неговиот син решил да го изрази својот талент за цртање врз неговиот пасош. Целото семејството било на престој во Jужна Кореја, но сепак не успеале да се вратат дома во полн состав, и тоа поради тоа што малото момче земало фломастер и на пасошот на својот татко нацртало луѓе, животни, па и коса.

 

Кога таткото го предал пасошот на службата од аеродромот, тие му одговориле дека не можат да се врати назад, поради поседување на невалиден документ, односно документ кој не може да го идентификува.

Таткото јавно апелирал до кинеските служби, каде ја „закачил“ фотографијата од својот пасош. Тој се уште е заробен на аеродромот во контакт со својата амбасада.

02.06.2014 - 13:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега