Индија доби нова држава- Телангана

 

Нова сојузна држава е формирана во Индија наречена Телангана, со што формално е поделeна јужната сојузна индиска држава Андра Прадеш.

 

Чандрасекар Рао, регионалниот политички лидер денеска положи заклетва како премиер на новоформираната држава, а по церемонијата се оддржа и парада на која прославуваа илјадници луѓе.

 

Во изминатите 14 години Рао ги предводеше напорите за формирање на посебна држава со Хидерабад како главен град, кој е центар на информатичката технологија и индустрија во Индија.

Хидерабад во следните 10 години ќе остане престолнина на двете држави, Андра Прадеш и Телангана, по што Андра Прадеш ќе избере нов главен град.

 

Телангана се наоѓа на сиромашно подрачје и следбениците на Рао сметаат дека тие со години биле дискриминирани кога е во прашање поделбата на фондовите, бизнисот и водата.

02.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега