Манијак со нож избодел две малолетни деца- едното детенце не преживеало
Американската полиција е во потрага по црнец во сива маица кој во неделата попладне избодел со нож две малолетни дечиња. Шестгодишното момче Џошуа Авита било избодено до смрт додека пак неговиот пријател (7) Мајкл Каперс има 15 прободни рани, но за среќа преживеал.
Убиецот ги нападнал децата додека тие си играле пред соседната зграда во Бруклин.
Докторите се уште се обидуваат да го спасат животот на малиот Мајкл кој има 15 рани.
Скршен сум, живеев само за него- вели низ солзи таткото на починатиот Џошуа, додавајќи дека на светот постојат болни луѓе, навистина болни штом се спремни да сторат вакво нешто.
Родителите на Мајкл исто така се во шок. Полицијата се уште трага по сторителот кој очевидците го опишале како црнец со сива тренерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа