Абдицираше шпанскиот крал Хуан Карлос - во престолот седнува неговиот син Фелипе
Шпанскиот крал Хуан Карлос одлучи да се повлече и абдицираше од кралскиот трон, соопшти денеска премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.
Хуан Карлос има 76 години и во последно време имаше проблеми со здравјето. Тој на престолот е од 1975 година, по падот на диктатурата на Франциско Франко.
Престолот ќе го наследи неговиот 45-годишен син Фелипе.
Хуан Карлос важеше за еден од најпопуларните монарси во светот, но неговата популарнст во Шпанија драстично се намали последниве години, најмногу поради корупциската афера со неговата ќерка и нејзниот сопруг.
Аферата се провлекува неколку години и Шпанците веруваат дека аферата не смее да се забошоти само затоа што актерите се припадници на кралското семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа