Скопските пожарникари од мисијата во БиХ се вратија во Македонија
Скопските пожарникари кои 13 дена им помагаа на своите колеги кои се справуваа со последиците од катастрофалните поплави кои ја зафатија БиХ и однесоа голем број животи, се вратија во Македонија.
Пожарникарите пожртвувано работеле деноноќно, помагале во извлекувањето на луѓето од поплавените подрачја, а потоа помагале и за санација на штетите од поплавите.
Пожарникарите ги пречекаа командирот Благоја Менковски и таткото на Скопје, Коце Трајановски.
02.06.2014 - 11:30
Фото:
вест
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа