Една обична фотографија го промени животот на овој бездомник- еве како
Една обична средба може да промени многу а доказ за тоа е примерот со фоторепортерот Бенџамин Лови кој во ноември минатата година на улица во Њујорк сретнал бездомник кој држел, како што вели Лови, интересен знак на кој пишувало „Давајте несебично, за да жнеете бескрајно“. Во разговор со бездомникот, фоторепортерот сфатил дека тие двајца имаат многу заеднички работи, пишува Huffington Post.
Скот Сатон е името на бездомникот, кој исто како и Лови работел како фоторепортер за Archive Photos која подоцна била откупена од Getty Images за кого сега работи Лови. Излегло дека тие познаваат доста голем број заеднички колеги. После разговорот Лови го фотографирал Сатон. Лови ја поставил фотографијата на својот Facebook профил не очекувајќи некоја голема реакција, но тука се излажал.
Фотографијата собрала над 1.200 допаѓања и огромен број реакции од луѓе кои се понудиле да помогнат за Сатон да застане на нозе. Сатон инаку го покривал Балканот и со Лови споделил дека на улица завршил како резултат на серија лоши настани кои му се случиле во животот.
„Имаше момент во мојот живот, кога сите што ми беа блиски беа мртви“ – му рекол Сатон на Лови.
Откако загинала неговата млада сопруга Сатон зел отсуство, а потоа работите оделе од лошо на полошо и тој завршил на улица, каде живее последниве две години. По средбата, Лови и неговата сопруга го контактираат Сатон секогаш кога се во негова близина, а неговата приказна стигна и до сестрата со која немале контактирано од деца.
Таа заедно со Лови и неговата сопруга отворија сметка за донации со цел да му се помогне на бездомникот да започне да живее нормално. Целта е да се соберат 15.000 долари со кои Сатон би имал дом, медицинска помош и пари за основни работи, а засега собирањето средства оди со солидно темпо.
По сè изгледа, случајната средба и фотографијата ќе значат втора шанса за Сатон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа