ВИДЕО: Репортер на CNN приведен за време на јавување во живо

 

Репортерот на CNN, Иван Ватсон бил приведен во саботата за време на јавувањето во живо од Турција. 

 

Иван во саботата се јавувал во живо на програмата од Истанбул, кога му пришле мажи во цивилна облека и побарале од него да се идентификува со пасош, јавува CNN.

Тој им ја покажал својата прес дозвола за работа во Турција, но не му била признаена па за само неколку секунди пристигнале уште неколку лица, за кои на крајот се воспоставило дека се полицајци. Тие го обиколиле Ватсон и неговата ТВ екипа и ги одвеле од местото од каде што известувале.

"Мислам дека не приведуваат", биле последните зборови што успеал да ги каже за време на јавувањето.

Подоцна на Твитер објавил дека полицијата ги држеле него и неговата екипа во полициска станица околу половина час, и дека после се добил извинување од полицаецот, кој што со нога го удрил по телото.

02.06.2014 - 10:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега