Кајмакоски со совет до девојките: Сексапилот не се истакнува само со провокативно облекување

 

Победникот на Икс-Фактор, македонската гордост Даниел Кајмакоски, откри многу за својот стил и за тоа што според него е сексапил.

-„Секое лето се трудам да ја збогатам својата гардероба со неколку бели памучни маички со интересни принтови. Кога патувам некаде, обавезно купувам по една таква. Карираните кошули може да се носат во текот на цела година и во сите можни комбинации, па кога сакате опуштен изглед, само завратете ги ракавите и раскопчајте ја кошулата“ вели Даниел, за Стори.рс.

Додава дека омилени бои му се сината и зелената и дека како што сите знаат обожава да носи шапки, а воедно и даде совет за девојките.

- „Сексапилот не се истакнува само со провокативно облекување. Лично сакам во лето да видам девојки со доли лелеави фустани, и нормално кога ќе се облечат во согласност со својата конституција. Најважно правило е да носите она во што се чуствувате добро“, вели Даниел за Стори.рс.

01.06.2014 - 11:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега