Се урна хеликоптер во Русија- пронајдени двајца преживеани
Во Мурманската област, на северозапад од Русија, утринава се урна хеликоптер, во кој во моментот на несреќата имало 18 лица, објави „Гласот на Русија“.
Две лица подоцна се пронајдени живи и веднаш биле префрлени во болница, а продолжува потрагата за преостанатите 16 патници и членови на екипажот на хеликоптерот „МИ-8“,.
Властите наведуваат дека веројатно до пад на леталото дошло заради лошите временски услови.
-Според прелиминарните информации, до хаваријата на хеликоптерот на компанијата „Спар“ дошло во Терскиот реон од Мурманската област, во реонот на местото Восточноје Муозеро во акваторија на езеро, изјави претставник на оперативниот штаб на Министерството за вонредни ситуации.
Во леталото, според непотврдени податоци, имало 18 лица, од кои пет биле членови на екипажот.
„Гласот на Русија“ пренесува дека е можно во хеликоптерот да се наоѓале заменик гувернерот на Мурманската област Сергеј Скоморохов и началникот на локалниот департмент за шумарство Олег Вереникин, како и обласниот министер за животна средина Алексеј Смирнов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа