„Заедно за еден детски живот“ - да помогнеме на 11-годишно момче од Охрид
Под мотото „Заедно за еден детски живот“, новинарите од Охрид упатуваат апел за помош до сите хумани граѓани за лекување на 11-годишно момче од Охрид, на кое му е потребно итно лекување во Кина.
Третманот на клиниката „BY“ во Пекинг чини 35.000 евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците за лекување. Се молат сите хумани граѓани и институции да помогнат донирајќи финансиска помош.
Хуманите граѓани може да донираат по 100 денари за повик од сите мобилни оператори ОНЕ - 075/143-113, ВИП - 077/143-155 од Т - МОБ - 070/143-105.
Уплата може да се изврши и на следната жиро сметка:
530500017615254 Охридска Банка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа