Денеска е светскиот ден на русокосите

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на рускосите девојки и по тој повод во многу земји ќе се одржат паради и избори за мис на рускосите убавици, соопшти Меѓународната асоцијација на блондинките. 

Првата позната русокоса во историјата е божицата Афродита, која ги добила златестите прамени како подарок од Зевс. Се претпоставува дека русокосите девојки се појавиле првпат на Земјата пред околу 11.000 години.

Меѓународниот ден на блодинките почнал првпат да се празнува во 2006 година.

Еден од митовите, поврзан со русокосите девојки е дека „нивниот вид“ може да исчезне целосно до 2202 година, но научниците тврдат дека тоа нема да се случи.

Русокосите девојки се предмет на многу научни истражувања. Според едното од нив, спроведено од експерти на Универзитетот во Париз мажите го губат здивот кога ќе здогледаат блондинка.

Друго, пак, истражување спроведено од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, покажува дека русокосите девојки заработуваат седим проценти повеќе пари од своите колешки со друга боја на косата.

31.05.2014 - 11:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега