Викендов сообраќајот во Скопје ќе се „поремети" - ѕирнете каде

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела од 7 часот и 30 минути до 18 часот и 30 минути на булеварот Трета македонска бригада, кај раскрсницата со улицата Коста Новаковиќ, ќе се изведуваат градежни работи – прекоп за поставување подземни инсталации. Поради тоа, во наведеното време, на потегот од крстосницата кај објектот на „Тинекс“ до сервисот „Цилаз“ на булеварот Трета македонска бригада ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а возилата ќе се пренасочат за движење по новопробиените две коловозни ленти од овој булевар.

 На булеварот Трета македонска бригада в недела ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

 

 

30.05.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега