Го изгубил клучот па по фасадата се искачил до шестиот кат

 

Нема да верувате што направил овој Швеѓанец од Малме. Тој го изгубил клучот и не можел да влезе во својот стан, па се искачил по фасадата до шестиот кат во зградата во која живее.

На овој чекор швеѓанецот се решил надевајќи се дека ќе може да влезе дома преку отворен прозорец на станот, па тргнал да се качува однадвор по фасадата.

Но за жал не било така ако што очекувал. Кога успеал да дојде до шестиот кат, на негово големо разочарување, констатирал дека ниту еден прозорец на станот не бил отворен.

- Потоа тропнал кај некој сосед, кој му помогнал на тој начин што ја повикал спасувачката служба за да го спуштат од фасадата,  изјави за весникот „Сидсвенскан“ Марие Персон, портпарол на полициската централа во Малме.

За среќа спасувачите пристигнале брзо и со пожарникарски скали му помогнале на „урбаниот планинар“.

30.05.2014 - 13:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега