ВМРО-ДПМНЕ: Јасно е за чии интереси СДСМ ја донесе одлуката

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше во врска со постапката на избраните пратеници од СДСМ.

         -  СДСМ и нејзините пратеници мора да бидат свесни за својата партиска и лична одговорност. Со овој чекор се прави голема штета на Република Македонија и нејзините државни и национални интереси.  На народот, на граѓаните на Македонија им е кристално јасно за чии интереси СДСМ ја донесе оваа одлука за поднесување на оставки во Собранието на РМ.  Очигледно е дека СДСМ го изгубила компасот. Ваквата постапка на СДСМ е многу сериозен удар врз принципите кои треба да се промовираат од страна на демократските политички субјекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

          Од владејачката партија додаваат дка лидерот на СДСМ, Зоран Заев, после изборите самиот потенцираше дека не ја ужива поддршката од мнозинството на граѓани, но во една ваква суицидна постапка не оди сам, туку со себе ја влече целата своја партија и сите пратеници на СДСМ. Во исто време тој и Жерновски кои се избрани за градоначалници на избори под исти услови, комотно си остануваат на своите позиции и не поднесуваат и не размислуваат да поднесат оставки.

- Сигурни сме дека на следните избори граѓаните на Република Македонија уште посериозно и уште со поголема разлика ќе ја казнат оваа штетна политика на СДСМ која што предизвикува штетни последици на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

28.05.2014 - 16:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега