Заев: Не знам кога ќе има избори

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска по поднесувањето на оставките на пратениците на СДСМ рече дека не знае кога ќе се одржат следните избори бидејќи како што кажа, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт не можат да се прават претпоставки. Рече дека сите 33 пратеници ги поднеле своите оставки и изрази надеж, дека тоа ќе го стори и Роза Топузовска Каревска. Заев истакна, дека сите партии во опозицискиот блок, веќе изградиле платформи за вонинституционално делување и дека набрзо сите ќе бидат усогласени во заедничка платформа на опозицискиот сојуз. Ги повтори барањата за техничка влада, која би организирала нови избори

28.05.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега