И Солза Грчева го извиси Заев? - Рано е ќе почекам

Освен Топузова Каревска, според партиски извори во СДСМ виси и оставката на Солза Грчева, јавува 24 Вести
 
Телевизијата повикувајќи се на истите извори пишува дека Грчева на вчерашниот состанок со раководството на партијата, најавила дека најпрвин ќе почека сите 120 кандидати од опозицијата да не ги прифатат мандатите, па потоа ќе одлучи дали ќе поднесе оставка. 
 
За 24 Вести Грчева не сакала да коментира - вели рано било, ќе почекала. Инаку  на вчерашниоот состанок, како што веќе објави 24 Вести, меѓу пратениците имало негодување за одлуката и дискусии во насока дека треба да се почека, сепак конечната одлука била писмените оставки да се поднесат.
 
28.05.2014 - 12:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега