ОМД го поздрави претседавањето на Симпкинс со австралиско-македонската парламентарна група
Обединетата македонска дијаспора го поздравува назначувањето на Лук Симпкинс, член на Претставничкиот дом на Австралија, за претседавач на групата за австралиско-македонско пријателство на Парламентот на Австралија.
Директорот на ОМД Австралија Ордан Андреевски појаснува дека Австралиско-македонската парламентарната група за пријателство е многу важно институционално тело во австралискиот Парламент, кој одигра водечка улога во негувањето блиски врски со Република Македонија и на македонската заедница во Австралија.
Тој додаде дека пратеникот Лук Симпкинс е активен и влијателен член на сите претходни групи за пријателство, каде што тој ја покажа својата силна посветеност да работиме тесно со Македонија и нејзината дијаспора во Австралија.
Според Андреевски, тој е силен поборник за Австралија да ја признае Македонија под нејзиното легитимно уставно име.
Симпкинс ја посети Македонија и македонската заедница во Албанија и Грција и ја искажа својата загриженост во ЕУ и австралискиот Парламент во врска со потребата да се заштитат легитимните права на Македонија и македонската дијаспора во регионот.
Од ОМД очекуваат дека Лук Симпкинс ќе го води неговиот тим од 22 други пратеници во официјална посета на Македонија што можно поскоро.
Пратеникот Лук Симпкинс е добитник на наградата на ОМД за пријателство со Македонија во 2013 година.
- Се надеваме дека Лук ќе ја охрабри Владата на Австралија да отвори амбасада во Македонија и да го направиме регионот повисок приоритет за Австралија. Таквото дипломатско место ќе служи на неисполнетите потреби на Австралијците кои ја посетуваат Македонија, како и на потребите на локалните Македонци и другите заедници кои имаат потреба од пристап до австралиските дипломатски и конзуларни услуги, наведува ОМД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа