Го снема патот кон Кратово - Забраната за движње на автобуси и камиони

 

 На регионалниот пат Пробиштип - Кратово e забранетo движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони поради појава на свлечиште.

Како што соопшти АМСМ, забрана за тешки товарни возила има и на патниот правец Радовиш - Конче. На 11-тиот километар на овој патен правец има свлечиште поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

27.05.2014 - 20:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега