И утре ќе му се радуваме на сонцето - од четврток дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

В четврток преку денот и в петок Македонија ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекуваат поголеми врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во источната половина од земјава. Температурата на воздухот значително ќе опадне. Променливото и свежо време, но и врнежливо ќе продолжи и за време на викендот. 

27.05.2014 - 16:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега