Ја каменувале до смрт бидејќи се омажила од љубов

Вистински хорор во Пакистан. Пред судската зграда во пакистанскиот град Лахор денеска семејството ја каменуваше и погуби 25-годишна Фарзана Икбал, која се омажила од љубов.

Околу десетина мажи ја гаѓале девојката со тули пред зградата на Врховниот суд, меѓу кои биле и татко и, двајца браќа и нејзиниот поранешниот вереник.

Девојката се здобила со тешки повреди на главата од кои починала во болница.

Извршителите на убиството побегнале од полицијата. Единствениот уапсен бил таткото на Икбал, кој признал дека ја убил својата ќерка за да ја зачува семејната чест.

Според традиционалните обичаи, што се уште се присутни низ Пакистан, жената е должна да се омажи за оној кого ќе и го изберат мажите од семејството.

 

27.05.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега