Концерт на фолклорни друштва од Македонија и Хрватска

 На сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа концерт одржаа фолклорни друштва од Македонија и Хрватска.

Настапи имаа домаќините, ансамблот „Керамичар“ од Велес, културно уметничкото друштво „Јагуновце“ од Јагуновце и фолклористи од Фолклорниот ансамбл „Томислав“ од Жупања, Република Хрватска.

Концертот беше дел од програмата на општина Велес за одбележување на 24 мај Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

ФОТО: Дневник

најчитано сега