Мистериозна епидемија го напаѓа светот- никој не знае зошто овие луѓе спијат со денови

 

Се уште не е познато зошто десетици луѓе се заболени од болест со прекумерено спиење. Тие кои ќе ја фатат оваа болест спијат без престан и по шест дена.

Речиси напуштениот град на Красногорск во Казахстан станал вистинска мистерија за лекарите и останатите медицински експерти. Веќе една година дена се појавува епидемија на болест на спиење.

Луѓето кои ќе заболат непрекинато спијат и по шест дена. Никој не знае зошто. До сега се појавиле неколку бранови на епидемијата. Првиот од нив во март минатата година, а последниот сега во мај. Со оваа болест се заразиле околу 60-тина лица кои откако ќе се разбудат, имаат привремено губење на меморијата.

Една од жртвите била и млекарката Мариа Фелк од селото Калачи во Красногорск. "Молзев крави како и секое утро и одеднаш заспав. Не се сеќавам на ништо освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и медицински сестри", изјавила Фелк. 

До сега на подрачјето на Красногорск направени се повеќе од 7.000 тестирања на почвата и водата со цел да се најде причината за ваквата болест, но експертите и понатаму се чудат...

26.05.2014 - 18:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега