Хаос во Скопје - се санираат штетите од поплавите

 

Екипи на јавните претпријатија, ЕВН и ГАМА се на терен и преземаат соодветни мерки за да се санираат штетите од силното невреме кое вчера ја зафати Македонија.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој координира со Оперативното тело на Владата, и кој ноќеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, посети повеќе критични точки настанати од невремето во Скопје, посочи дека засега нема пријави за повредени лица, а причинета е само материјална штета: - Во контакт сме со Гама, од каде не информираа дека дефектот во Општина Аеродром кој беше предизвикан од удар од гром, е саниран и нема никаква опасност за населението. Во контакт сме и со ЕВН, од каде дознаваме дека мал број трафостаници се во дефект поради обилните врнежи од дожд. Сите екипи на ЕВН се на терен и се очекува наскоро да бидат санирани и овие проблеми, истакна Јанакиески.

Градоначалникот Трајановски истакна дека се работи на оспособување на сообраќајниците.

26.05.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега