Уште еден посилен земјотрес ја стресе Македонија - регистрирани вкупно 4

 

Уште еден земјотрес од 6,8 степени регистрирале сеизмолошките мерни станици на Европската макросеизмичка опсерваторија. Епицентарот повторно е во Егејското Море на шеесетина километри јужно од островот Тасос неколку минути по првиот. 
Покрај овој земјотрес, 15 минути подоцна, регистрирани се уште 2 потреси со помал интензитет, односно 5 и 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Претходно, како што веќе објавивме, беше регистриран земјотрес ос интензитет меѓу 6,4 и 6,5 степени по Рихтер, кој ги вознемири жителите на јужна Македонија, а беше почувствуван и во Скопје. 

24.05.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега