Џејми Оливер ги учеше кратовските деца на здрава исхрана

Денеска на на Платото пред Музејот во Кратово беа децата од Општина Кратово кои беа дел од настанот Револуција во исхраната (Food Revolution) програма која беше организирана во соработка со Фондацијата за храна на светскиот познат готваш Џејми Оливер пренесува кратовскиот весник Аберџија. 

Ваквата програма имаше за цел да го промени начинот на кој луѓето се хранат преку едукација на секое дете, и воспоставувањето на здравите навики во исхраната особено кај најмладите. 

Ваквата програма годинава се одржува за прв пат а има за цел да ги промовира принципите на здрава исхрана и создавање на навики за здрав живот. Програмата беше збогатена со подготовка на здравата храна од страна на самите деца, театарски претстави и час по самоодбрана. 

Совети за здрава исхрана на насобраните деца им делеше и градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој имаше свое обраќање.

ФОТО: Аберџија.ком

23.05.2014 - 19:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа