ФОТО: Змија се сончаше во такси на Штипјанец
Шеесет и двегодишниот штипски таксист Генчо Киров се изненадил кога во своето возило паркирано во штипската населба „Осми ноември“ пронашол змија долга околу еден метар,пренесува Телма.
Киров цели дека ја пронашол како сончала на шалт таблата.
-Бев паркиран околу еден час, кога ја отворив вратата, змијата беше распослана на инструмент таблата и на вратата, ја поттурнав со нога, но влезе во моторот, Мојот син ветеринар, ме посоветува автомилот да работи, а змијата од топлината на моторот самата ќе избега. отварам ја вратата коа змијата на шал таблата унатре и на вратата, јас ја побутна со нога доле, но ми влезе во моторот. Сeга не знам што да правам, бидејќи синот ми е ветеринарен доктор, чекај да се допитам до него. Он ми вика тате запали го моторот, она за пет до 10 минути ќе излезе од жешкото. Дојдоа мои колеги. Змијата по шест минути излеза, а ние ја убивме, раскажува Киров.
Штипјанецот вели дека не се плаши од змиите, но даде совет до своите колеги да ги проверуваат своите возила, за да не бидат изненадени од како што вели некој слеп патник.
Вели дека градските власти треба да преземат мерки, зашто деца играат по парковите.
Во Штип, а особено во населбата Исар, често се случува граѓаните да најдат по некоја змија во дворовите или во куќите. Според лекарите од штипската Клиничка болница годинава немале случај на каснување од змија отровница. Зоолозите од штипскиот универзитет велат дека во овој временски период со зголемувањето на температурите нормално е влекачите да излегуваат надвор од своите дупки, според нив во моментов им е и сезоната на парење.Тврдат дека змиите не се опасни доколку не ги нападнеш, а тие реагираат само во самоодрана .
ФОТО: Телма
Извор: Телма
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа