Македонците сакаат во ЕУ и НАТО со непроменето име!

Институтот за Демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје излезе со резултатите од истражувањето за тоа колку на Македонците им е важен влезот на Македонија во НАТО и ЕУ со проементо име.

Имено над 77% од етничките Македонци се за влез во ЕУ и НАТО но без никакви отстапки за името. Од друга страна кај албанското малцинство 75% од испитаниците се изјасниле дека се за членство во европското семејство но не им е важно дали ќе има отстапки од страна на македонската страна во наметнатиот спор со Грција. 

Од друга страна повеќе од половината од испитаниците во истражувањето сметаат дека Македонија во овој момент не е подготвена за влез во ЕУ. 

За 55 насто од етничките Македонци главната причина поради која Македонија не е дел од европското семејство е дека соседните држави го попречуваат влезот, а наспроти тоа за 48 насто од етничките Албанци е неостварувањето на домашните реформи.

Истражувањето е спроведено во март на примерок од 1.600 испитаници, а се испитувани ставовите за три поголеми теми – судир на интереси и корупција, оцена за работата на општинските институции и перцепции за ЕУ-интеграцијата во Македонија.

23.05.2014 - 18:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега