Од дипломска заминал во смрт - уште една трагедија

Уште една трагедија деновиве го зави Балканот во црно. 34-годишниот Дејан П. од Крагуевац загинал во страотна сообраќајна несреќа, само неколку часа откако дипломирал.

Според податоците на српскиот Курир, откако ја земал дипломата, Дејан имал сообраќајна несреќа додека управувал со својот мотор. Според првичните неофицијални податоци, најверојатно возел со огромна брзина, загубил контрола и така удрил во бетонска ограда и контејнер. 

Кога Брзата помош пристигнала на местото на настанот, тој се уште покажувал знаци на живот, но потоа им подлегнал на повредите.

22.05.2014 - 10:16
Фото: 
либертас.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа