Повеќе од половина луѓе за време на сексот фантазираат за некој друг

Речиси 40% од луѓето фантазираат за секс со поранешните, а најчесто веднаш по расправија со партнерот. Во фантазиите улогата ја имаат личности од нивниот секојдневен живот, не славните...

Иако фантазиите се добри за сексуалното здравје, тие можат да бидат опасни по врската, потврдила една студија на британската компанија за секси играчки Ann Summers која била спроведена на 3.000 луѓе. Речиси 57% од луѓето за време на сексот фантазираат за некој друг. Тоа најчесто го прават по расправија со партнерот, пренесува Daily Mail.

Жените по ова прашање се послободни па дури 45% од нив редовно фантазираат за друг љубовник за време на сексот со партнерот.

Сексуални фантазии најчесто имаат луѓето од 35 до 44 години и тоа со реални луѓе од нивниот живот, не со славните ѕвезди.

Најпопуларна фантазија е секс со поранешниот, која ја сонуваат 40% од луѓето. Популарно е и играњето на различни улоги, врзување, гледање порнофилмови и секс во тројка. Припадничките на поубавиот пол призначе дека и соло гледаат порно филмови, потврдува истражувањето.

Своите фантазии паровите најчесто ги остваруваат во спалната соба, четвртина од нив ги прави под туш, а 15% на работното место. Дел од нив одат и чекор понапред, 9% од паровите имале однос на јавно место.

- "Фантазиите се еден вид на можност да се избега од реалноста кои ви помагаат да постигнете оргазам. Жените со нив го реализираат она што се плашат или се срамат да ги прашаат своите партнери. Машките фантазии се еднакво вообичаени иако најчесто се смета дека нивните се "повалкани". И тие фантазираат за секс со поранешната. Таа фантазија може да им ја подигне самодовербата бидејќи знаат дека во тоа веќе добро се снашле" - истакнала психотерапевтот д-р. Пам Спур. Сексот со текот на времето може да стане рутина, а фантазиите го подигнуваат либидото. Сексуалните фантазии за некој друг можат да бидат и добри поради ова, напоменала.

Извор: Точка

21.05.2014 - 19:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега